Едноставен, брз колач во кој може да се употреби преостанатата варена тиква.
Се матат жолчките со шеќерот додека убаво се растопи шеќерот, а потоа постепено се додава јогуртот и зејтинот. Се меша убаво со лажица, се додава брашното со пецивото, сувото грозје и оревите.
На крај се ренда кората од портокал, се сипе во плехче и се пече околу 25минути на 200степени.
Колачот може да се прелие со сок од портокал и мелени ореви или кој сака поблага варијанта да се посипе со шеќер во прав.
Одличен е за оние што ги сакаат старите пандишпански колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани