Ова е основниот рецепт за колач од ровко тесто кое се користи и за кростати и за тартови. Денес јас приготвив тарт со половина од состојките.
 
- Од сите суви состојки освен гризот замесете тесто. Од истото тесто 1/3 одвојте и ставете во фрижидер. Од остатокот, поголемиот дел од тестото, расукајте кора и поставете во тавката 20х30 см. посипете со гризот. Врз него наредете ги исечените на кругови или четвртинки смоквите.
- Сварете го пудингот и истурете врз смоквите, врз пудингот изрендајте го тестото кое е во фрижидерот. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени и нека се печи околу 40-45 мин.
Извадете, нека олади, посипете со шеќер во прав, послужете.
Совет
Во овој колач можете да ставите било кое сезонско овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани