Колач со пудинг од шумско овошје и вишни
Подготовка:
1. Се матат убаво јајцата со шеќерот, се додаваат течните , па сувите состојки. Смесата се истура во намрсена и набрашнета тава 20х30 и се печи на 170С.
2. Во меѓувреме се спрема пудингот. Се вари млекото со шеќерот и се додава растворенит прашок со дел од млекото претходно. Се меша додека се добие густ крем пудинг.
3. Уште додека е топол го додаваме маргаринот/путерот на парчиња и интензивно мешаме до свиленскасто-кремаста струкрура. Доколку ви е тешко, а не е, тогаш употребете миксер.
4. Врз паднишпанот премачкуваме од желираниот гел со вишни, па врз него го истураме спремениот пудинг.
5. Оставаме да се излади, за потоа да ја изматиме слатката павлака и да ја премачкаме врз него. Украсуваме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови