Испечати

Колач со пудинг од шумско овошје и вишни

Колач со пудинг од шумско овошје и вишни

Состојки

  • За паднишпан
  • чаша = 200мл
  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша газирана вода
  • 1 неполна чаша масло
  • 2,5 чаши брашно
  • 1 чќесиче прашок за печење
  • За пудингот
  • 750 мл млеко
  • 8-9 лажици шеќер
  • 3 ќесички прашок за пудинг со вкус на шумско овошје
  • 200 гр пурер/маргарин
  • Уште
  • 0,5 кг желиран гел од вишни
  • 300 мл слатка павлака

Подготовка

Подготовка:

1. Се матат убаво јајцата со шеќерот, се додаваат течните , па сувите состојки. Смесата се истура во намрсена и набрашнета тава 20х30 и се печи на 170С.

2. Во меѓувреме се спрема пудингот. Се вари млекото со шеќерот и се додава растворенит прашок со дел од млекото претходно. Се меша додека се добие густ крем пудинг.

3. Уште додека е топол го додаваме маргаринот/путерот на парчиња и интензивно мешаме до свиленскасто-кремаста струкрура. Доколку ви е тешко, а не е, тогаш употребете миксер.

4. Врз паднишпанот премачкуваме од желираниот гел со вишни, па врз него го истураме спремениот пудинг.

5. Оставаме да се излади, за потоа да ја изматиме слатката павлака и да ја премачкаме врз него. Украсуваме по желба.