Чоколадата искршена на коцки и путерот исечен на коцки ставете ги на пареа да се стопат. Притоа мешајте убаво да се изедначат. Оставете ги да оладат.
Тава за печење (35х20) намачкајте ја со путер и посипете ја со брашно.
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.
Во садот каде што ќе го правите колачот со сито просејте го брашното, шеќерот во прав и пецивото.
Во друг сад со вилушка убаво изматете ги јајцата. Додавајте ги во садот со брашно и мешајте со жица или шпатула а потоа додајте ги чоколадата и путерот.
Мешајте се додека смесата се изедначи да нема грутчина.
Околу 1/3 истурете во тавата, затоа што е густа израмнете ја со помош на лажица. Распоредете го сувото грозје и брусницата па ставете ја и останатата смеса. Повторно малку порамните.
Ставете ја да се пече околу 25 мин.
Печениот колач оставете го да олади, потоа сечете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани