Колач со фил од тиква
Подготовка на тестото
Во блендер се става брашното, солта и шеќерот и се миксираат, потоа се додава путерот кој треба да е ладен и исечкан на коцкички и повторно се микса. На крај се додава ладна вода но по малку, јас додадов една голема лажица и го измиксирав. Треба да се добие смеса на тесто. Потоа се витка тестото во фолија и се става 1 час во фрижидер. Одкако ќе помине 1 час се вади тестото и се сука кора и се става во плехче. (тестото е за помало плехче)
Подготовка на филот
Сите состокји ( Јајцата, пирето од тиква, кафеавиот шеќер, зачините, слатката павлака) се матат во сад со миксер додека не се добие хомогена смеса.
Во посебен сад се мелат лешниците и шеќерот.
Потоа врз тестото се ставаат мелените лешници и шеќер, ако сакате може и помалку да ставите и врз нив се става филот.
Се пече во веќе загреана рерна на 190Ц 45-55 минути.
Најдобро е кога се служи оладено барем некој час во фрижидер.
Пријатно јадење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови