Колач медено срце
Не сум љубител на посните кексови, но ова ме плени од прва, толку многу што после првиот пат веднаш по некој ден го направив пак, и сега додека го пишувам рецептот веќе трет пат и во моментот се печи во рерната и шири прекрасна миризба дома. А замислете, ја ретко повторувам иста работа, особено толку набрзо.
Колачево е старински рецепт кој се спрема многи брзо и едноставно, без миксер, со мешање се во еден сад. Тука има неколку рецепти за ваков колач, но чинам дека мојот малку се разликува и во постапката на спремање и во тоа што јас додадов уште еден зачин покрај циметот и чинам дека баш со тој го доловив она чувство како да јадиш вистинско купечко медено срце.
Подготовка
1. Најпрво се мешаат водата и маслото во кои се додаваат шеќерот, медот и мармаладот.
2. Откако убаво ќе ги измешате да се растворат, ги додавате пецивото, каранфилчето и циметот, па потоа какаото и брашното. Нив убаво е да ги додадете преку сито, иако ништо не е страшно и без него.
3. Кога се ќе се измеша во глатка смеса, половина од неа се истура во намрсена тава и се печи 10на минути во загреана рерна на 170С.
4. Потоа се вади и се премачкува со мармалад. Убаво е да користите некој кисел мармалад, најчесто се употребува од кајсија, а кај мене се згоди еден домашен од дуњи, јаболка и сливи кој одлично се вклопи во колачот.
5. Врз мармаладот се распоредува останатата смеса од тестото убаво, насекаде врз мармаладот и се враќа во рерна да се допечи околу 20на минути.
6. Печениот колач го премачкуваме со глазурата која во овој случај најлесно е да ја стопите во веќе загреаната рерна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови