Во длабок сад додадете ги сите состојки за тестото и замесете со рака.
Замесеното тесто оставете го 15 минути да одмори.
На работна маса наросете брашно и развлечете кора од 5 мм и со модла вадете форми по желба
Формите редете ги на тавче претходно обложено со хартија.
Печете на 180 степени 10-12 минути притоа внимавајки парчињата да останат бели.
Печените форми оставете ги да се изладат убаво бидејки се кршат додека се топли.

За декорацијата изматете една белка со 250 гр шеќер во прав додадете сок од половина лимон.
Ставате од смесата во шприц или во кеси за една употреба и декорирајте по желба.
Нашите колачи овој пат беа во чест на празникот Велигден.
Сликата што ми е во прилог се гледа три јајца тоа е затоа што јас правев дупла доза да не дојде до недоразбирање.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови