Компирот се вари и се пасира. Се меша со павлаката. Кромидот ситно се сецка или ренда.Средините од лебот се натопуваат во киселата вода.
Меленото месо се посолува,зачинува, во него се ставаат средините исцедени од водата, маслото, брашното, кромидот, компирот, јајцето, презлата, пецивото. Се убаво се соединува со рака. Се остава 30-60 мин на ладно или во фрижидер да одстои.

Од сместа се ваѓаат мали топченца со навлажнети раце. Се валкаат во малку брашно(за да не се лепат во пржење), се остават 5 мин. и се пржат во врело загреано масло. Додека почнат да стануваат кафенести.
Во сместа можете да ставите различни зачини. Исто така можете и да ги печите .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови