Козачко пециво
За тестото, измешајте ги двата вида брашно и солта, во млаката вода растворете го квасецот и додајте го заедно со мекиот маргарин во мешавината од брашно. Можете да го измешате или со миксер или со рака, месите неколку минути. Тестото ќе биде меко, лепливо, ама не додавајте повеќе брашно. Оставете го на топло да скисни.
За филот, сувиот леб накиснете го и исцедете го, додајте го во месото. Кромидот ситно нарендајте го, додајте ги јацата, зачините и добро измешајте го.
Тестото, со помош на малку брашно премесете го и поделете го на два дела. Секој дел расучете го во правоаголна кора околу 30*35 цм и исечете го на правоаголници, отприлика 12*15 цм. Филот распределете го по правоаголниците, оставајќи слободен раб од 1 цм и тој премачкајте го со вода. Завијте ги правоаголниците во ролатчиња. Одозгора премачкајте ги со јаце и ставете ги на плех прекриен со хартија за печење.
Потоа вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее, ставете ги ролатчињата да се печат/ им треба отприлика триесетина минути.
Лиценца: Сите права се задржани