Кифли меки како душа
1. Млакото млеко се меша со квасецот со малце сол и шеќер.
2. Брашното се става во сад. Се додаваат јајцата, маслото, сол и шеќер. Исто и квасецот со млекото. Се меси убаво меко тесто и се остава да стаса 30 мин.
4. Тестото се дели на 3 дела и од секој дел се суци тркалезно тесто. Од еден дел се вади 12 кифлички или за помали 16.
5. Путерот се топи и секоја кифла пред да се витка се мачка со стопениот путер.
7. Кифлите се редат на плех со хартија и пак да стасат усте 30 мин. Ако остане путер може да се намачкаат пак.
8. Се мачкаат со матено јајце и малце путер се става на секоја кифла.
9. Се печат во загреана рерна на 200 степени од прилика 20 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови