Подготовка
1. Квасецот ставете го да надојде на ваш вообичаен начин/јас го растворам во топлото млеко заедно со шеќерот/.
2. Брашното заедно со солта промешајте ги на суво/ова е трик за повоздушесто киснато тесто/ и замесете меко тесто од останатите состојки, вода, маслото и јајцата. Измесете меко тесто и оставете го да нарасне околу пола саа.
3. Искиснатото тесто изработете го уште еднаш и поделете го на 11 делови.Од секој дел од тестото развлечете тргалезна коричка која што ке ја премачкате со маргарин.Завиткајте ја во кифличка,која што ќе ја пресечете на половина.Ова повторете го од сите 10 делови, а еден останува за средината на погачата.
4. Тавчето бр 28 намачкајте го со маргарин и наредете ги кифличките, со врвот кон средината, во круг во тепсивчето. Од останатото тесто развлечете го во кора која што ќе ја премачкате со маргарин и ќе ја свиткате во ролат. Насечете го на 3-5 парчиња и ставете ги во средината на погачата/можете во средината да го ставите и само тестото обликувајќи го во топка/, во зависност од просторот кој ви останал во средината на погачата.
5. Оставете ја да нарасне-скисне околу пола час, па премачкајте ја со жолчката. За да му помогнете на тестото побрзо да скисне тавчето со погачата прекријтего со ПВЦ-фолија и оставете го на топло. Вака го забрзувате процесот на киснење, а и самото тесто не се суши.
6. Загрејте ја рерната на 200-220степени,/ова е за обична рерна без вентилатор/,посипете ја погачата со сусам или она што ќе одлучите и ставте ја да се пече се додека не се добие златнокафеава боја .
7. Извадете ја од рерната и покријте ја со платнена салвета да омекне.

Погачата е доста мека и лисната. Самите кифлици се одвојуваат една од друга без сечење и се доста лиснати. По ваша желба може во самата кифла да додадете ронето сирење во самото виткање на кифлата, со тоа ќе го збогатите вкусот на тестото.
Можете истата да ја испечете и во калапот за куглоф како што е на сликата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани