Најпрвин од брашното, водата и солта замесете тесто.
Завиткајте го во најлонска фолија и оставете да отстои 30 минти.

Полнење
Во тава на оган ставете малку масло, па додајте ги ситно сецканиот млад кромид, лукче, суво пиперче и ситно ренданиот ѓумбир.
Пропржете па додајте го меленото месо, соја сосот, сусамовото масло, сецканиот коријандер.
Посолете и оставете се заедно да се пропржи.
Спржената смеса префрлете ја во сад и додајте ја ситно сецканата кинеска зелка.

Откако тестото за равиолите ќе отстои расукајте го во тенка кора.
Со округол капал вадете кругови од тестото.
На едната половина од секој круг ставете од полнењето, преклопете ги во вид на полумесечина и убаво затворете ги.

Во подлабок сад налејте вода и откако ќе се стопли ставете ги равиолите наредени на решетка за готвење на пареа обложена со листови кинеска зелка(може и хартија за печење).
Поклопете со капак и оставете ги на среден оган додека равиолите убаво омекнат.

Послужете ги топли со наросување од сусам, перца млад кромид и сос приготвен со мешање на соја сос, ладна вода,јаболков оцет, сецкани ливчиња коријандер и сецкано суво луто пиперче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани