Кинеска мешавина со шпагети
Во недостиг на време за подготовка на ручек, еве еден предлог за брз ручек, комбиниран од шпагети со кинеска мешавина.
Кинеската мешавина се купува готова во замрзната состојба, а незиниот состав го напишав согласно декларацијата на пакувањето.
Подготовката е едноставна
1. Мешавината (замрзната) се става во тавче со малку масло и сол. Се пржи на тивко додека да испари водата што ќе ја пушти.
2. Потоа се ставаат сечканите домати, црниот пипер и сувиот зачин. Се крчка уште малку време, се зачинува по вкус со оригано, буковец и чили.
3. Паралелно додека се подготвуваше кинеската мешавина, се варат шпагетите на стандарден начин според упатството.
4. Во чинија се ставаат подготвените шпагети, а врз нив подготвената и зачинета кинеска мешавина. Се служи топло.
Лиценца: Сите права се задржани