Киндер пудинг торта
Рецептот на оваа прекрасна торта е од мајка ми, превкусна е. Ја направив по повод нејзиниот роденден на 2 Мај и сосема изумив дека не го споделив рецептот.
Подготовка
Прво се приготвува пандишпанот. Се матат белките со шеќерот, па потоа се додава презлата, брашното, оревите и пецивото. Се меша нежно со дрвена лажица и се истура на плехот од шпоретот обложен со хартија за печење. Се печи на 180 степени 10тина минути.
Потоа се подготвува филот. Се раствораат пудинзите во 200 мл ладно млеко, се додаваат и жолчките, а останатото млеко со шеќерот се варат. Се додава пудингот со растворените жолчки во жешкото млеко и се меша до згуснување. Потоа пудингот се префрла во друг сад, се покрива со најлонска фолија за да не фати кора и се лади.
Откако ќе се излади, настрана се бие еден путер и изматениот путер се додава во оладениот пудинг и се мати. Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се додава растопеното чоколадо и се меша со миксер. Добиваме 2 фила, еден светол еден темен.
Пандишпанот се дели на 2 дела.
Тортата се реди вака-се става пандишпан, се премачкува со какао крем, одозгора се става пола од кафеавиот фил, па се редат пишкоти, врз нив се става целиот жолт фил, па се става втората кора и се премачкува целата торта со кафеавиот фил. За крај, само најгоре се нанесуваат изматените шлагови.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Srecen rodenden na majka