Тиквата измијте ја, исчистете од семките и исечкајте ја на парчиња. Доматите исто исечкајте ги на парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги, пиперката исчистете ја од семето и неа исечкајте ја. Во длабоко тенџере ставете го маслото, кромидот, лукот, пиперката, шеќерот и зачините и ставете да се пржи на тивко додека кромидот да омекне. Додадете ја тиквата, доматите, оцетот и солта. Измешајте, поклопете со капак и оставете на тивко да се крчка 30тина минути или додека тиквата убаво да омекне. Откако се сварило, поминете ја смесата низ ситеста цедилка. Јас ги отстранувам зачините (каранфилчињата, анисот и ловоровиот лист), ја пасирам со стапчест миксер и потоа ја поминувам низ ситеста цедилка. Ставете сега кечапот уште еднаш да зоврие и така врел ставете го во тегли. Затворете со капаци и оставете ги потполно да се оладат пред да ги ставите кај другата зимница.