Кечап од тиква

Состојки
- 400гр. хокаидо тиква
 - 2 големи домати - јабучари
 - 2 главици кромид
 - 3 чешниња лук
 - 1/2 - 1 чили пиперка
 - 6 рамни лажици шеќер (или 4 лажици агаве сируп)
 - 2 ливчиња ловор
 - 4 каранфилчиња
 - 1 крак/шпиц од анис
 - 4 лажици оцет
 - 1 лажиче сол (или на вкус)
 - 6 лажици маслиново масло
 
Подготовка
Тиквата измијте ја, исчистете од семките и исечкајте ја на парчиња. Доматите исто исечкајте ги на парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги, пиперката исчистете ја од семето и неа исечкајте ја. Во длабоко тенџере ставете го маслото, кромидот, лукот, пиперката, шеќерот и зачините и ставете да се пржи на тивко додека кромидот да омекне. Додадете ја тиквата, доматите, оцетот и солта. Измешајте, поклопете со капак и оставете на тивко да се крчка 30тина минути или додека тиквата убаво да омекне. Откако се сварило, поминете ја смесата низ ситеста цедилка. Јас ги отстранувам зачините (каранфилчињата, анисот и ловоровиот лист), ја пасирам со стапчест миксер и потоа ја поминувам низ ситеста цедилка. Ставете сега кечапот уште еднаш да зоврие и така врел ставете го во тегли. Затворете со капаци и оставете ги потполно да се оладат пред да ги ставите кај другата зимница.