1. Во сад на оган додадете ги павлаката, путерот и стевиата додека стевиата не се растопи.

2. Садот отстранете го од оганот и додадете ги кокосот и мелените лешници, промешајте со лажица додека смесата не стане хомогена.

3. Смесата оставете ја да се излади, а потоа од неа формирајте топчиња во средината со по еден лешник и извалкајте ги во кокос.

Можете мелените лешници да ги замените со кокос. Се работи за вкусови, мене со мелени лешници ми се повкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани