Катмер мантија со спанаќ и урда (Mantija katmer me spinaq dhe gjize)
Денешниов предлог захтева повеќе труд и време, но се исплати секоја потрошена минута. Едноставно, ова се превкусни катмер мантии Рецептот го најдов на интернет. Ќе бидат редовно на нашата трпеза.
Топла препорака да ги подготвите за Вашата празнична трпеза.
Подготовка:
1.Земаме вангличка и ставаме млеко, шеќер, квасец и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира. Потоа додаваме вода, масло, сол. Промешуваме и постепено додаваме брашно.
Замесуваме средно тесто. Врз него ставаме 2,3 капки масло, го покриваме и оставаме на топло 30 минути.
2.Сега втасаното тесто го делиме на 6,7 топчиња. Колку повеќе топчиња, толку помали залачиња ќе имаме. Јас го поделив на 7. Сега од првото топче сучиме кора. Нека биде многу тeнка. Со помош на четка нанесуваме од растопениот путер со маслото. Сега на три пати ја предиплуваме. Левата страна ја носиме до 1/3на кората на внатре. И пак танко премачкуваме со маснотијата. Сега десната страна ја носиме внатре, Преклопувам. Пак танко премачкуваме со маснотија. Сега добиената трака ја преклопувам. Пак 1/3 кон внатрешноста, маснотија, па долниот крај во внатрешноста. Значи формираме пакетчиња.
3.Во еден сад ги соединуваме сирењето, јајцето, зачините, бланшираниот и добрo исцеден спанаќ со рацете. Од првото пакетче расукуваме тeнко корa, долго колку плехот каде ќе печиме. По должина нанесуваме од филот. Со дел од тестото убаво преклопуваме. Завиткуваме.
4.Го ставаме во плех кој е тенко премачкан со маснотија. Постапката е иста со сите пакетчиња. Така наредени ги сечиме со остар нож на мали залачиња. .Сега од маснотијата има останато 1 лажица, па со четка ги премачкуваме одозгора.
5.Вклучуваме рерна на 180 степени да се загрее. За тоа време залачињата нека одморат. Ги ставаме да се печат околу 30 минути. Сервираме топли и уживаме во нивниот прекрасен вкус.
Крцкави на површина, а внатре меки, сочни.... Мерациии
Лиценца: Сите права се задржани
Preeevkusni bea
Topla preporaka od mene za da gi podgotvite
Blagodaram Hristina