
12
јан
2013
Касато пралини
Чоколадото за глазура се топи. Во друг сад се подготвува филот. Маргаринот и чоколадото се топат и се додаваат мелените лешници и мелените бисквити. Желето и крем бананите се сецкаат ситно и потоа и тие се додаваат на филот.
Во калапот се става две лажички стопено чоколадо и веднаш се полнат со филот. Убаво се притискаат и израмнуваат. Се ставаат половина час да се стегнат во фриз.
Со ова количество мене ми излегоа 30 пралини (двапати ги полнев калапчињата)!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови