Касато пралини
Состојки
- глазура
- млечно чоколадо 100 гр
- фил
- маргарин 50 гр
- млечно чоколадо 100 гр
- бисквити, мелени 50 гр
- лешници, мелени 50 гр
- желе бомбони 8 парчиња
- крем банани 3 парчиња
Подготовка
Чоколадото за глазура се топи. Во друг сад се подготвува филот. Маргаринот и чоколадото се топат и се додаваат мелените лешници и мелените бисквити. Желето и крем бананите се сецкаат ситно и потоа и тие се додаваат на филот.
Во калапот се става две лажички стопено чоколадо и веднаш се полнат со филот. Убаво се притискаат и израмнуваат. Се ставаат половина час да се стегнат во фриз.
Со ова количество мене ми излегоа 30 пралини (двапати ги полнев калапчињата)!