Капри торта
Најпрвин ги спремаме корите.Ги двоиме жолчките од белките.Кон белките додаваме 15 лажици шеќер и матиме во цврст снег.Кон ова додаваме 12 лажици мелени ореви или лешници(јас овојпат ставив лешници),1 лажица брашно и 1 пециво.Се меша со шпатула и оваа смеса е за 2 кори.Се става во плех(бр.24) половината од смесата врз хартија за печење и се пече во загреана рерна 25 минут на 180 степени.Истото се прави и со останата половина од смесата.
Прво го приготвуваме жолтиот фил .
За жолтиот фил се матат со миксер 9 жолчки со 120 грама шеќер и 1 ванила,3 лажици густин 3 лажици брашно и 10 лажици млеко.Се става на оган 500 милилитри млеко и кога ќе зоврие се додава смесата со жолчки,се меша додека да згусне и се префрла во друг сад.Се мати посебно 200 грама путер со миксер.Кога ќе олади кремот од жолчки се додава кон него изматениот путер лажица по лажица постојано матејќи со миксер.
За филот од јагоди на оган ставаме 450 грама исечени јагоди со 200 грама шеќер и 100 милилитри вода.Јагодите да вријат 5 минути и потоа се додава 2 пудинга од ванила разматени со 5 лажици вода и 2 лажици шеќер.Се меша додека да згусне.Се префрла во друг сад.10 грама желатин се мешаат во 5 лажици вода.Се остава да набабри.Потоа кратко се загрева и се додава кон филот од јагоди.
За чоколадниот прелив на пареа се топи 100 грама чоколада со 50 грама маргарин и 6 лажици зејтин.
Сега ја редиме тортата.Прво кората,половина од филот од јагоди,жолтиот фил, па ја полеваме со половина од чоколадниот прелив.Ја ставаме тортата во фрижидер за да се стегне малку чоколадниот прелив.Вадиме од фрижидер, ставаме пак кора,црвен фил,жолт фил,чоколаден прелив.Повторно во фрижидер.После 1 час откако тортата ќе одстои во фрижидер,можете да ја украсите со 500 милилитри слатка павлака изматена со миксер,а одозгора може да се посипе со мелени лешници,ама украсувањето е по сопствене желба.
Наместо јагоди може да се стават и малини,ефектот и вкусот исто така се одлични.
Можеби бара малку трпение ,но крајниот ефект е одличен.Инаку тортата беше на нашата трпеза за роденденот на мојот син.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови