Капри торта
Од овие мерки се пече една голема кора и се дели на 3 дела и се добива ролат или се печат 3 кори од по 3 јајца во тавче од 24 см. Тортата е погодна и за украсување со фондан.
За кората белките се матат со постепено додавање на шеќерот да се добие цврст снег, брашното, оревите и пецивото се мешаат заедно и се додаваат на белките и се мешаат рачно со лажица.Смесата се сипува во тавче обложено со хартија за печење и се пече 15 мин на 180 степени, па се намалува на 150 степени и се пече уште 15 мин.
За првиот фил,прво водата и шеќерот се ставаат на оган да се стопи шеќерот, па се додаваат вишните и се варат да омекнат. Пудингот и водата се мешаат заедно се додава желатинот, се сипува кај вишните и се вари уште малку да се згусне целиот фил и се остава да се лади.
Вториот фил, жолтките се матат со шеќерот,со еден дел од млекото се разматува брашното и се соединува заедно со жолтките и шеќерот и се вари во остатокот од млекото да се добие крем фил. Во оладен фил се додава маргарин.
Се реди кората, па жолтиот фил, па филот со вишни, пак кора, жолт фил, фил со вишни и се завршува со кора.Украсување е по желба.
Во мојов случај филот со вишни ми беше многу цврст и затоа за вториот ред ставив прво од него.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови