Каноли
Традиционален сицилијански десерт, многу вкусен, со ронлива и крцкава черупка и мек и богат крем.
Черупки
1. Во еден сад се ставаат брашното, шеќерот, свинската маст, какаото, солта, циметот и јајцето, сето се соединува.
2. На така подготвената смеса се додава оцетот и виното и се замесува тврдо тесто.
3.Подготвеното тесто се завиткува во фолија и се остава во фрижидер за 1 час.
4. Готовото тесто се расукува многу тенко и се сечат кругови со модла. Ако имате машина за кори (јуфки) може да се истенчи тестото со неа.
5. Секој круг се завиткува околу цилиндар за грклани, ако немате може да си направите од алуминиумска фолија. Двата краеви на канолите малку се преклопуваат и се залепуваат со јајце.
6. Подготвените каноли се пржат во загреана свинска маст.
7. Канолите се ставаат во загреаната маст најпрво од станата каде што се залепени, за да не се отворат.
8. Канолите се пржат заедно со цилиндрите кои што се вадат откако канолите се изпржени.
Фил
1. Во еден сад се ставаат рикотата, шеќерот во прав, ситно сецканото чоколадо и ванилиниот екстракт. Се меша убаво да се соедини.
2. Чоколадото се растопува и и двата краеви на канолите се потопуваат во него, потоа се валкаат во јаткастите плодови.
3. Така подготвените каноли се полнат со филот, се посипуваат со шеќер и се готови за консумација.
Забелешка
-Откако ќе се наполнат канолите се сервираат веднаш ако сакате да се крцкави или се оставаат најмалку 2-3 часа со филот ако сакате да се со помека черупка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови