Квасецот со малку вода, 1 лажица брашно и 1 лажиче шеќер го ставаме да стаса. Откако ќе стаса го замесуваме во брашното со млаката вода. Тестото треба да не се лепи, а сепак да е меко замесено. Откако ќе стаса го делиме на 8 топки. Од секоја топка вадиме 10- 12 топчиња, убаво стуткани и ги редиме во тавче (на хартија за печење или намаслено). Кога ќе ги направиме сите, тогаш првата тава ја ставаме во рерна да се пече. Секое топче со силиконска четка го мачкаме со масло, со ноже ги засекуваме во форма на крст, па ги мачкаме со жолчка и ги солиме со каков сакаме зачин. Јас од зачини користев, оригано, буковец и мешан сушен зачин. На секоја од нив ставаме по парченце путер, и ги печеме на 220 степени во загреана рерна.
Многу се меки, можете да ги замрзнете доколку сакате, само да бидат топли кога ќе ги замрзнувате, за да бидат исто меки кога ќе ги одмрзнете. Канелотите може вака да се јадат, особено се вкусни, ама уште повеќе се декоративни, ако ги пресечете на половина и ги наполните со некоја салата, може руска, а и ако сакате од нив се прават многу убави сендвичиња за детски родендени.
Забелешка
Сакам да кажам дека во рецептот ми се запишани 3 раце шеќер. Прво мислев дека тоа многу некако ќе му дојде, ама сакав навистина по напишаната доза да одам. Раката не ја полнам да ми претура шеќер во неа, туку колку фатам од шеќерот, за да можам да го ставам во брашното, толку. Некаде околу 3-4 лажици би требало да се става можеби и помалку.
Излегуваат околу 90-100 топчиња, во зависност која големина ја сакате. Едноставни се за правење, а се особено меки и вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани