Се мати јајцето со шеќерите. Се додаваат течните, па сувите состојки.
Со лажица се става од смесата во апаратот за крофнички кој пред секое нанесување се намрсува со силиконска четка потопена во масло.

Чоколадото се топи на водена пареа. Му се додава маслото и румот и во него се макаат печените крофнички кои можат, но и не мораат потоа да се украсуваат со перли или чоко/шарени трошки.
Или, едноставно, наместо со чоколадна глазура можите додека се топли да ги извалкате во шеќер во прав измешан со 1-2 пакетчиња рум шеќер .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови