29
мар
2022
Италијански панини со моцарела
Брзо и вкусно јадење е мој предлог за денес.
Подготовка:
1. Во една вангличка ставaме квасец, млако млеко, шеќер, сол, масло и кисела вода.
Промешуваме. Додаваме брашно и замесуваме средно тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Го премесуваме уште еднаш и пак го оставаме да стаса.
2. Сега тестото го делиме на 6 или 8 топчиња. Секое топче го расукуваме во долгнавеста кора. Премачкуваме со маслиново масло, наросуваме оригано. Редиме парчиња моцарела, расфрламе резанки маслинки, шери, малку сусам.
3. Печиме во загреана рерна околу 15 минути. Сервираме топли.
Лиценца: Сите права се задржани