Италијанска торта од јаболка
Торта која се подготвува за 15 минути, а плени со својот вкус и мирис. Јас користев исклучиво јаболка црвен делишес. Брашното и пецивото ги соединуваме и ги оставаме на страна. Во вангличка ги ставме 2 жолчки, ванилата, го додаваме шеќерот и матиме да побелат и шеќерот да се растопи. Путер на ниска температура го растопуваме. Половина од количината ја ставаме кај жолчките. Ги додаваме млекото, кората од лимон, брашното и пецивото. Убаво со шпатула соединуваме. Смесата ја истураме во најмалата ростер тава на делимано, или во тава бр 20 или 22.Јаболката ги лупиме , сечеме на кришки, ги попрскуваме со сок од лимон и ги редиме густо врз тестото. Попрскуваме врз јаболката една лажица шеќер, цимет, брусница и остатокот од растопениот путер. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Оставаме колачот да се излади. Може да се посипе со шеќер во прав и да се послужи, или може да се направи шам од останатите две белки. Изборот е ваш.