Зелена, солена италијанска торта
1. Најпрво во сад на оган додајте ги водата и коцката за супа, варете ги додека коцката за супа не се растопи. Во друг сад на оган запржете го кромидот со маслото исечкан на ситно додека не омекне, додајте ги оризот, спанаќот и попржете ги додека спанаќот не омекне. Потоа додајте им ја топлата вода во која ја растопивте коцката за супа и варете околу 20 мин додека не се свари оризот.
2. Откако ќе се свари оставете го да се излади убаво, а потоа додадете му ги јајцата,,, пармезанот, сол, црн бибер и размешајте ја смесата. Потоа смесата префрлете ја во тава за печење, со лажица убаво измазнете ја на површината и наросете ја со пармезан, мелен двопек и коцки путер.
Печете ја на 200 степени околу 30 минути или додека тортата стане цврста. Оставете ја да се олади во рерната. Пред послужување наросете ја со рендан пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани