Постојат безброј рецепти за еден од најомилените десерти - палачинки.
Потрагата и експериментирањето за вакво тесто за палачинки траеше долго, а се издвојува по тоа што содржи само посни состојки и интегрално брашно.

Постапка
Чекор 1 - Се мешаат заедно интегралното брашно (ржано или друго по Ваша желба), ванилиниот шеќер и пецивото.

Чекор 2 - Оризовото млеко се меша со агаве сируп и се додава малку кисела вода по потреба за да се разреди тестото.
(Може да се користи и друго растително млеко. Во овој рецепт е користено оризово млеко во прав, подготвено според упатство)

Чекор 3 - Се мешаат сите состојки заедно и добро се промешува смесата.

Чекор 4 - Тестото за палачинки се остава да одмори 30-60 мин.

Чекор 5 - Палачинките се пржат на умерена темпратура во тава за палачинки по неколку минути од двете страни.
Совет - Чувајте ги затворени откако ќе ги извадите на чинија за да бидат помеки.

Чекор 6 - Готовите палачинки се мачкаат со мармалад со кајсии (или друг џем/мармалад/намаз по Ваш избор), се преклопуваат (како на сликата) или се виткаат, се сервираат и се декорираат.

Напомена - Од наведените состојки излегуваат 4 палачинки со средна големина, но слободно зголемете ја дозата соодветно за поголема количина според вашите потреби.

Уживајте во вкусното задоволство!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови