
Парени палачинки (веган, посно)
Превкусни! Топло ви ги препорачувам.
Подготовка
Во длабок сад, ставете ги просеаното брашно и дмБио какаото и промешајте со лажица. Потоа, додадете го растителното млеко и ситно ренданата банана и матете со миксер за да добиете еднолична смеса.
- Палачинките печите ги во соодветно тавче, прво од едната страна, па од другата.
-Во сад измешајте ги ситно сецканите ореви, дмБио какаото и шеќерот. Од оваа смеса ставете на секоја палачинка и преклопите ја на двапати.
-Палачинките наредете ги во тава за печење.
- На секоја палачинка одозгора ставете сецкани ореви и шеќер, а потоа, посипете го растителното млеко врз палачинките.
- Печите во загреана рерна на 200 степени околу 10-12 минути.
Добар апетит
Забелешка
Во основната смеса може да се додаде лимонова кора или ванилин шеќер за поинтензивна арома
Лиценца: Сите права се задржани