21
окт
2016
Интегрални лепчиња со маслинки
Брзо се прават, а превкусни се, само оставете ги да се изладат пред да ги јадете.
Подготовка
1. Сувите состојки ги промешуваме.
2. Во нив ги ставаме сечканите маслинки.
3. Ги додаваме маслото и водата и со дрвена лажица замешуваме тесто.
4. На крајот го додаваме лимоновиот сок и повторно го соединуваме тестото со мешање.
5. Со влажни раце формираме топчиња кои ги ставаме на хартија за печење или во намрсено тавче.
6. Ги посипуваме со семиња по желба.
7. Ги печеме во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.
8. Ги вадиме од тавчето и ги покриваме со крпа, за да им омекне кората.