Во подлабок сад измешајте 200 г брашно со 200 мл вода и свежиот квасец и оставете го да отстои.
Откако смесата ќе отстои, додадете ги и сите други состојки и замесете меко и мазно тесто. Оставете го да расте се додека не се зголеми најмалку два пати, направете топчиња и оставете ги да нараснат. Откако тестото ќе нарасне, поделете го на четири еднакви делови. Од нив формирајте топчиња и оставете ги повторно да нараснат.
Превиткување
Откако ќе нараснат топчињата, едно по едно сплескајте ги со раце во малку подебела кора замотајте ролати и засечете ги со жилет или остар нож.
Во сецко ставете го лукот, магдоносот, балзамико маслиновото масло и откако ќе подстасаат петнаесет минути премачкајте ги багетите.
Загрејте ја рерната на 200 степени, заедно со тавчето во кое ќе ги печете багетите. Во плиток метален сад кој ќе го поставите на дното од рерната при печењето ставете околу 100 мл зовриена вода. Потребно е багетите да се печат во пареа за да имаат поубава кора.
Кога рерната ќе се загрее, извадете го тавчето, наредете ги багетите еден до друг, но внимавајте да ги допирате што е можно помалку.
Ставете го тавчето и металниот сад во рерната, а ако имате обична прскалка за вода, испрскајте дополнително вода во рерната и затворете ја што побрзо за да не излезе пареата. Намалете ја температурата на 180 и печете околу 20 минути.
испечените багети оставете ги да се оладат. Откако багетите ќе почнат да добиваат боја, отворете ја рерната да излезе вишокот пареа и извадете го металниот сад, печете уште 10-15минути.
Убавина од лепче преубави брускети се подготвуваат од овие лепчиња јас си ги премачкав со истиот прелив со кои ги мачкав пред печење со жолто биено сирење милина.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани