Француски багети
1. Во длабок сад ги ставаме брашното, квасецот и солта и промешуваме. Постепено ја додаваме водата и замесуваме тесто. Го покриваме садот со крпа и оставаме да нарасне 45 минути.
2. По 45 минути го вадиме тестото од садот и го удираме и превиткуваме тестото 5-6 пати. Истата постапка ја повторуваме уште 3 пати, значи да одмара 4 пати по 45 минути.
3. После четврото одмарање, тестото го ставаме на набрашнета површина и го делиме на 4 еднакви парчиња. Секое парче тесто го обликуваме во форма на правоаголник, ги ставаме на набрашнета површина и покриваме со проѕирна фолија, оставаме да стојат 15 минути.
4. После 15 минути од секое парче тесто формираме багети кои ги ставаме на набрашнета крпа, ги покриваме со крпа и оставаме да одморат 20 минути. По 20 минути ја вклучуваме рерната на 220 степени, на дното од рерната ставаме правоаголен длабок сад со вода. По 10тина минути ги ставаме багетите во плех премачкан со масло. Багетите ги попрскуваме со вода и ги засекуваме накосо на 4-5 места. Ги печиме 20тина минути. Јас ги печев по 2 багети во плех.
Лиценца: Сите права се задржани