Сите ние во одреден период од животот стигнуваме до некоја фаза кога сакаме да го исфрлиме белото брашно од исхраната или барем да ја намалиме неговата употреба. Да, знаеме, зелникот од бело брашно е највкусен и со најдобра текстура, но мојата желба за експериментирање со други брашна надвладеа и решив да си направам зелниче со тие брашна кои во моментот ги имав дома. Ако сте навикнати на вкусот на пецива од вакви брашна, тогаш и овој рецепт сигурно ќе ви се допадне. Мене ми беше супер и секое утро си јадев по 1 парче (од вкупно 4) со чаша ќефир.

Подготовка

1. Замесете тесто од брашната (ставете и сол) со постепено додавање вода. Ќе добиете потврдо тесто од тоа кога работите со бело брашно. Додадете масло или путер и домесете го тестото. Оформете топка и оставете го да одмори околу 1 час.
2. Потоа, поделете го на два дела. На намастена кружна тава бр.28, раширете ја едната кора со тапкање. Во краевите малку повисока нека ви биде кората. Додадете го филот одозгора. Потоа другата кора раширете внимателно со сукало на набрашнета површина и ставете ја одозгора. Затворете ги краевите, попрскајте одозгора малку вода и масло и ставете да се пече на 200 степени околу половина час.
После печење, покријте го зелникот со крпа и оставете го 10тина минути покриен па после уживајте во вашиот здрав зелник.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови