Варени јајца во индиски сос
1. Јајцата се ставаат да се варат во еден сад. Треба да бидат тврдо варени.
2. Шеќерот и оцетот се ставаат во еден мал сад да се растопи шеќерот, во садот се става и циметот.
3. Сувите пиперки се стават во еден сад да се сварат (пиперките треба да бидат со повеќе месо), откако ќе се сварат се лупат и се чистат од семки.
4. Сите зачини и семки се ставаат во еден сад каде што ќе може убаво да се истолчат.
5. Во зачините се ставаат и исчистените пиперки.
6. Откако ќе се истолчат семињата и ќе се сооединат со пиперките се ставаат оцетот и водата.
7. Во нелеплива тава на тивок оган се става масло и се запржуваат тврдо варените јајца.
8. Откако јајцата ќе се запржат се вадат и се става кромидот ситно исечен и се пржи на ниска температура додека не добие златна боја.
9. Во испржениот кромид се додава сосот, се запржува и се додава црвениот пипер.
10. Откако ќе се запржат состојките се додава оцетот со шеќер и водата.
11. Откако ќе се згусни сосот се ставаат јајцата и се пржи додека не се добие потребната густина.