За подготовка на корите во подлабок сад ги кршиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме со миксер.Ги додаваме брашното и мелените ореви и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Тестото за кората го ставаме во калап за печење, обложен со хартија. Го печеме 20 минути на 200 степени.

За подготовка на филот во тенџере на оган го налеваме млекото, ги додагваме оревите и мешаме со лажица. Откако смесата ке зоврие го тргаме тенџерето од оган. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад настрана, а жолчките ги ставаме во подлабок сад. Во садот со жолчките ги додаваме ванилниот шеќер и путерот и матиме со миксер.
Во садот ја додаваме изладената смеса од ореви и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Во тенџере на оган ја налеваме водата и додаваме 10лаж. шеќер. Во сад за матење со миксер ги матиме белките и додаваме 5 лаж.шеќер.
Во тенок млаз зовриениот шербет го додаваме во садот за матење и матиме додека шлагот не се излади. Потоа шлагот го додаваме во садот со смесата и матиме додека филот не се соедини. Испечената кора ја сечеме хоризонтално на 3 дела и ја филуваме. За декорацијата со фонденот препуштете и се на фантазијата.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови