Златни кифли
Во еден сад се замесува квасецот, малку млеко, шеќерот и малку брашно. Тоа се остава да нарасне. Откако ќе нарасне, се додаваат млекото, павлаката и зејтинот. Сето тоа се меша и постепено се додава брашното, додека да се добие тестото кое не треба да биде многу меко ни многу тврдо и се остава да нарасне.
Откако ќе стаса тестото, се прават топчиња со големина колку еден орев.
Секое топче со сукало се развлекува, се премачкува со филот, се замотуваат во ролни, се премачкуваат со жолчка и се реди во намрсен плех.
Врз секоја кифла се посипува ким или сусам, по желба.
Се остават на нараснат малку и се печат на 220 степени , 15-20 мин.
Подготовка на филот.
Во еден сад се мешаат солта, жолчките и зејтинот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови