Квасецот се дроби во 150мл млеко, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно и оставаме да нарасне.
Во подлабок сад во брашното додаваме 75гр путер, шеќерот и шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и прстофат сол.
Потоа го додаваме јајцето, кората од лимон, стасаниот квасец и преостанатото млеко, замесуваме тесто и го оставаме да стаса околу 30мин.
Во меѓувреме на оган во 150мл вода го подготвуваме пудингот.
А во друг сад го топиме останатиот путер.
Од стасаното тесто со сукалка развлекуваме кора и ја премачкуваме со путер.
Од кората виткаме ролат и сечеме паршина со ширина од 2см.
На средината на секое гнездо правиме вдлабнатина и нанесуваме пудинг, а врз пудингот по една половинка кајсија со длабнатината навнатре.
Потоа со лажица нанесуваме врз секое гнездо од растопениот путер.
Се пече на 180степени околу 20мин, додека да заруменат.

Забелешка
- За подготовка на пудингот, доволни ми беа две лажици пудинг.
- Доколку имате домашен компот од кајсии, можете да ги искористите тие половинки. Јас земав од продавница.
-Дебелината на кората што се развлекува зависи од тоа колкави сакате да ви бидат гнездата. Јас ја развлеков со дебелина од 1см.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови