
17
сеп
2022
Здрави Палачинки (со мед и ореви)
Здрава и превкусна варијанта на палачинки за појадок, кои ќе ве држат сити до ручек.
Подготовка:
1. Во чашката од блендерот ги ставаме овесните снегулки, прстофат сол и пола ванила. Додаваме 200 мл од наведената количина на млекото. Блендираме до добивање на кашеста структура. Потоа го додаваме јајцето и млекото (уште 100 мл) - блендираме.
2. Непосредно пред пржењето, доколку се згуснала смесата, додаваме уште најмногу 50 мл млеко и промешуваме пред секое ставање од смесата.
3. Пржиме на умерена температура на вообичаен начин како за класични палачинки.
Забелешка - Од оваа количина се добиваат 5 палачинки.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани