Испечати

Здрави Палачинки (со мед и ореви)

Здрави Палачинки (со мед и ореви)

Состојки

  • 100 гр Овесни снегулки
  • прстофат Сол
  • пола Ванила
  • 300 - 350 мл Овесно Млеко (може и кравјо)
  • 1 Јајце
  • По потреба - Мед и Ореви (сецкани)

Подготовка

Здрава и превкусна варијанта на палачинки за појадок, кои ќе ве држат сити до ручек.

Подготовка:

1. Во чашката од блендерот ги ставаме овесните снегулки, прстофат сол и пола ванила. Додаваме 200 мл од наведената количина на млекото. Блендираме до добивање на кашеста структура. Потоа го додаваме јајцето и млекото (уште 100 мл) - блендираме.
2. Непосредно пред пржењето, доколку се згуснала смесата, додаваме уште најмногу 50 мл млеко и промешуваме пред секое ставање од смесата.
3. Пржиме на умерена температура на вообичаен начин како за класични палачинки.

Забелешка - Од оваа количина се добиваат 5 палачинки.

На здравје!