Рецептов самата си го измислив и дефинитивно веќе подолго време таратурот го имам заменето со оваа верзија која е многу побогата и барем за мене, многу повкусна и со поцврста структура. Подготовката е едноставна и овој таратур може да ви замени некоја крем салата и може да си го приготвите и за посвечени пригоди.

Подготовка:

1. Додека ги сечкате краставиците, ставете го сусамот да се потпечи на средна температура на обично тавче за палачинки. Мешајте повремено и кога ќе ја промени бојата, тргнете го настрана да се олади.
2. Измешајте ги павлаката со изварката, додадете ги краставиците, ако не е солена изварката, додадете сол. На крај додадете го оладениот потпечен сусам и измешајте убаво. Вашата салата е готова и спремна за јадење. Може дополнително да се излади пред консумирање.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови