Подготовка
1. Квасецот, промешајте го во водата, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете го на топло да се активира.
2. Потоа додајте го и маслото, испасираните варени компири, солта и постепено додавајте брашно, месејќи. Тестото треба да е меко и мазно. Покријте го и оставете го на топло, отприлика час и половина.
3. Плехот од рерната премачкајте го со маргарин. Ставете го тестото и со намрсени раце развлечете го преку плехот. Премачкајте го со масло и наросете крупна сол и оригано. Пресечете го на ленти.
4. Приклучете ја рерната на 200 степени. Печете се додека убаво не зарумени, на места да биде крцкаво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови