Испечати

Зачинети солени стапчиња со компири

Зачинети солени стапчиња со компири

Состојки

  • 200 гр сварени компири
  • 1 сув квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 и 1/4 чаша топла вода
  • 1 лажиче сол
  • 50 мл масло
  • 3 и 1/2 чаши брашно
  • маслиново масло, крупна сол, оригано (за премачкување)

Подготовка

Подготовка
1. Квасецот, промешајте го во водата, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете го на топло да се активира.
2. Потоа додајте го и маслото, испасираните варени компири, солта и постепено додавајте брашно, месејќи. Тестото треба да е меко и мазно. Покријте го и оставете го на топло, отприлика час и половина.
3. Плехот од рерната премачкајте го со маргарин. Ставете го тестото и со намрсени раце развлечете го преку плехот. Премачкајте го со масло и наросете крупна сол и оригано. Пресечете го на ленти.
4. Приклучете ја рерната на 200 степени. Печете се додека убаво не зарумени, на места да биде крцкаво.