Нема карамели, нема ни карамелизирање на шеќер, се прават експресно брзо и се добива десертче со неодолив вкус на карамела. Кога ќе ги јадите, ќе знаете зошто и го носат називот БАКНЕЖИ. Сигурна сум-ќе се вљубите во нив ; )

Најпрво потпечете го сусамот, па извадете го од садот на страна.
Сега, ставете го медот и шеќерот и мешајте на силен оган да се растопат. Откако ќе зоврие, оставете го уште 1 минута на рингла, па исклучете ја и додадете го путерот и путерот од кикиритки. Кога смесата ќе стани компактна, додадете го белото чоколадо искршено на коцки и измешајте повторно додека убаво се растопи и спои со смесата.

Тргнете го садот од рингла и вмешајте го сусамот. На крај, со енергично мешање додадете ги снегулките. Сега работете брзо, бидејќи смесата почнува да се стега. Можи да ја истурите во намастен нелеплив калап (18х18см) или пак, многу брзо да земате со лажичка и да ги ставате во мини силиконски кружни калапи или пак во мрсни хартиени корпиња, кои јас се уште не сум ги начекала во продажба. Ако работите со силиконски калап, не се лажете дека не треба намастување – треба.
После 2 часа доколку сте ја ставиле смесата во еден цел калап, исечете ја на штанглички или коцки и уживајте. Јас од пола саат не можев подолго да издржам : )

*** Јас користев чоколадиран путер од кикиритки и можеби затоа бојата е малку потемна. Користев и од двете врсти житарици, бидејќи сакав да видам за следен пат кое повеќе ќе испреферира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови