Моја идеја за полесна варијанта на еклери. Дипломатскиот крем е италијански вид на фил кој го користат во подготовка на многу торти и слатки, соодржи од 70-80% матена слатка павлака и 20-30% слаткарски крем.

Подготовка на слаткарскиот крем

Во тенџере на оган додадете ги млекото, слатката павлака и аромата од ванила. Во сад за оган изматете ги со жица за матење останатите состојќи, а потоа додајте ги во тенџерето на оган кај веќе топлото млеко. Варете ги додека смесата стане густа, повремено мешајќи со жица за матење. Готовиот слаткарски крем оставете го да се олади покриен со стреч фолија на собна температура. Откако ќе се излади со спатола се меша заедно со претходно изматената слатка павлака.

Подготовка на тестото за еклери

Водата и зејтинот ставете ги во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зовријат додадете го брашното и отстранте го тенџерето од оганот, мешајте со дрвена лажица додека смесата не стане хомогена и оставте ја да се излади.
Тавата за печење премачкајте ја со масло за готвење. Вклучете ја рерната да загрее на 200°С.
Додавајте ги јајцата едно по едно во изладената смеса додека матите со миксерот со додатокот за месење. Потоа со лажица префрлете форми од смесата на тавата за печење. Печете 20 минути во загреана рерна на 200°С. Филувајте ги откако ќе изладат.
Во сад на пареа растопете го чоколадото и со помош на лажица премачкајте ги филуваните еклери.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани