Егзотична кромид тава
Ова е еден многу стар рецепт кој се пренесува од поколение на поколение, мене ми е пренесен од свекрва ми, а јас сега го споделувам со вас.
Оваа тава јас ја припремам и како посна варијанта, наместо ќофте можете да ставите пржена риба или вегетаријанска опција со ќофтиња од печурки или како прилог на некое друго месо.
Ја крстив егзотична затоа што има специфичен вкус и потсетува на кинеската храна.
Ќофте - кромидот предходно изрендан на ситно, се додава месото, јајцето и сите останати состојки што се наведени (презла ставам од око за да биде смесата компактна) и ги пржам малку на масло, ама да бидат полу живи бидејки потоа со тавата ќе се печат.
Кромид тава - Кромидот се дроби на месечинки и се пржи на 3-4 лажици загреан зејтин. Откако ќе се запржи (ќе омекне) се додава 1 лажичка црвен пипер и се тура 150 мл вино и 400 мл вода се додава издробениот домат, сувите сливи пресечени на половинка, сувото грозје, морковот....(се што е наведено) и убаво се динста околу 30 мин на тивко (мирисот на алкохол ќе се изгуби и водата ќе се намали). Оваа смеса се префрла во пекач се редат ќофтињата и се печат на 200 С околу 45 мин.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Prvin ke go probam brat ti so ovoj recept, ako e go bendisa ke imozes da go gotvis doma :-)