Превкусни, меки кроасани, топла препорака ....)))))

1.Во длабок сад се ставаат течните состојки,па се додаваат шеќерите,солцата,квасецот,жолчките,се меша убаво и се додава брашно постепено, колку ќе прими течноста, за да се замеси средно меко тесто.Убаво се изработува, меси.

2.Тестото се дели на 12 дела.Се обликоваат топчиња.
Секое топче се отвора со оклагија колку плитка чинија и се премачкува со омекнатиот путер.Се редат една врз друга.Последната не се мачка.

3.Од сите така наредени кори една врз друга се отвора голема кора.
Се сечи на делови колкави сакате, јас ја поделив на 24.
Се става по малку мармалад или крем.
Се виткаат кифличките.

4.Се редат во плех , се премачкуваат со разматена белка и се киснат 30 мин..
Се печат во загреана рерна на 200-180 степени околу 20-25 мин..
По желба се наросуваат со шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани