Домашен хамбургер
Најубавото во домашните рецепти е тоа што сте сигурни што точно има во составот на приготвеното јадење. Зошто да купувате нешто кое можете да си го приготвите дома со рецепт кој не само што ќе го задоволи вашиот глад, туку ќе го задоволи и вашиот вкус. Таков е случајот со овие домашни хамбургери...превкусни се, пробајте ги.
Подготовка -
Најпрво започнуваме со подготовка на плескавиците.
- За подготовка на плескавиците го сецкаме ситно кромидот, го додаваме меленото месо и зачините, соединуваме убаво, ја делиме смесата на 6 дела, па со намрсени раце формираме плескавица. Смесата ја оставаме неколку саати да одстои, па пржиме во грил тава со загреано масло.
- Во меѓувреме замесуваме тесто од наведените состојки, го оставаме да стаса, па го делиме на 6 исти топчиња. Ги ставаме во плехот врз хартија за печење и ги покриваме со крпа, нека стасаат, па ги премачкуваме со жолчката со млеко, ставаме и сусам. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 220 степени. Откако ќе се испечат, ги премачкуваме со маргарин.
- Секое лепче го засекуваме со нож, ставаме плескавица, помфрит, кромид....по желба.
Уживајте во вкусот на домашно приготвениот хамбургер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови