Домашен пекарски леб
Едноставно кажано лебов е совршен.Со крцкава тенка кора а мек како сунѓер внатре.Точно пратете ја постапката ни нема да згрешите доколку го направите.
Во сад се става 400 гр брашно,една лажичка сол и се турива млаката вода.
Се меша се убаво и се додаваат останатите 100 гр брашно.Тестото се меси да биде мазно околку 3-4 минути.Садот се покрива со најлонска фолија и се остава да нарасне 45 минути.
После поминатото време на набрашнета површина се меси повторно тестото околу 3-4 минути.Се посипува и згора со брашно и се сучи кора дебела околу 1 сантиметар.
Сега кората почнуваме да ја виткаме во ролат.Секое превиткување на кората на крајот убаво го притискаме со прстите(ќе видите во приложените фотографии).Лебот го ставаме на пек хартија во плех и убаво го мачкаме со млака вода и на топло го оставаме да стасува 45 минути.
Пред печење повторно го мачкаме со млака вода.Лебот го печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 до 35 минути.Кога е напола печен лебот уште еднаш го прскаме со млака вода.
Печениот леб го оставаме малку да олади (не го покриваме со ништо).
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови